Бомба во Анкара, едно лице повредено

Местото на експлозијата во Анкара, 05.03.2012

Мала бомба експлодирала во близина на канцелариите на турскиот премиер Реџеп Таип Ердоган во Анкара, при што едно лице било повредено, соопшти турската полиција. До експлозијата дошло непосредно пред состанокот на владата. Во четвртокот во Истанбул од експлозија на бомба беа повредени 15 полицајци и еден цивил. Засега никој не ја превзел одговорноста за овие бомби.