Пакистан пријавил сепаратистички кампови во Авганистан

Берхамдах Бугти

Пакистанскиот министер за внатрешни работи Реман Малик изјави дека шефот на републиканската партија Берхамдах Бугти отворил кампови за обука на сепаратисти во Кандахар, Авганистан. Од 4,000 до 5,000 лица биле обучувани во камповите со цел да се борат со пакистанската гранична полиција. Малик додаде дека пакистанските власти го информирале авганистанскиот претседател Хамид Карзаи за случајот, по што камповите биле затворени а Бугти, кој живеел во Кабул, можеби заминал за Швајцарија.