Обама повторно со предупредување до Иран за нуклеарната програма

Американскиот претседател Барак Обама

Американскиот претседател Барак Обама го предупреди Иран да не ја тестира одлучноста на САД за нуклеарната програма на Техеран. Иако САД нема да се двоумоат да употребат воена сила против Иран ако е потребно, Обама изјави дека не е време да се зголемат санкциите врз земјата за да не се наруши меѓународната коалиција што ја изградиле.
Израелскиот министер за надворешни работи Авидгор Либерман изјави дека неговата земја сама ќе одлучува што ќе преземе во врска со Иран.