Кина повикува да се стави крај на насилството во Сирија

Кинеското министерство за надворешни работи ги повика сите фракции во Сирија да стават крај на непријателството. Повикот е дел од соопштението за Сирија кое ја поддржува улогата на ОН во координација на хуманитарните напори. Но се спротиставува на секој што се меша во внатрешните работи на Сирија под назнаката дека се во прашање хуманитарни проблеми.
Кина заедно со Русија два пати ја блокираше резолуцијата на Советот за безбедност на ОН против насилството на сирискиот режим врз анти-владините демонстранти.