Еден од кандидатите на претседателските избори во Русија го даде својот глас

Претседателскиот кандидат Михали Прохоров

Михаил Прохоров е првиот кандидат на претседателските избори во Русија кој денеска го даде својот глас. Тој отпатува со авион од Москва до Сибир, каде е регистриран за гласањето. Потоа тој веднаш се врати во главниот град за да може да ги следи изборите и да дава интервјуа за некои од медиумите.
Според анализите, Прохоров има мали шански да го победи премиерот Владимир Путин во трката за претседателската функција.