Египетските законодавци со спротивни мислења за новиот Устав

Египетски законодавци

Египетските законодавци вчера одржаа седница на која дебатираа како Парламентот ќе избере 100 членови кои треба да го напишат првиот Устав на земјата по соборувањето на претседателот Хосни Мубарак. Заедничката средба на новизбраните 678 пратеници беше проследена со жестока дебата меѓу исламистите, кои сакаат контролата да ја има мнозинството од Парламентот и либералите, кои се за избор на надворешни експерти и активисти.
Откако ќе бидат избрани членовите на панелот, тие имаат шест месеци рок да ја завршат драфт верзијата на Уставот, кој потоа ќе биде ставен на референдум.