„Фејсбук” забранет во Таџикистан

Таџикистанската влада им нареди на интернет провајдерите во земјата да го блокираат пристапот до социјалната мрежа „Фејсбук” како и до уште неколку интернет страници на независни медиуми. Како што јавува „Интерфакс”, одлуката е донесена откако на една од интернет страните бил објавен текст во кој се наведувало дека претседателот Емомали Рахмон ќе падне од власт пред изборите во земјата закажани во ноември догодина. Новинските агенции ги пренесуваат изјавите од интернет провајдерите кои тврдат дека добиле усмена наредба да го блокираат корисничкиот пристап до неколку интернет портали.