Излезноста на изборите во Иран е 65 проценти

Иранските државни медиуми јавија дека 65 проценти од 48 милиони регистрирани гласачи го оствариле гласачкото право на парламентарните избори во земјата. Иранскиот министер за внатрешни работи Мостафа Мохамад Наџар рече дека станува збор за прелиминарна проценка на излезноста и дека бројката не е конечна. Тој дополни дека 135 кандидати добиле места во 290 члениот парламент. Резултатите од поголемите гласачки места се очекуваат во понеделник.