Кредитот од ЕИБ нема да биде повлечен, тврди Груевски

Премиерот Никола Груевски денеска потврди дека 100-те милиони евра кредит од Европската инвестициска банка за мали и средни претпријатија нема да бидат повлечени. “Точно е дека се објавени информации за одредени повлекувања, но она што можам да го потврдам е дека 100-те милиони евра кредит за мали и средни претпријатија нема да бидат повлечени. Министерството за финансии работи на сите потребни подготовки за да почне повлекувањето на новите 100 милиони евра кои ќе бидат искоритстени за евтини кредити за нашите компании со камата која нема да биде повисока од 5,5 отсто, при што таа камата дополнително е субвенционирана и од државата” рече Груевски по доделувањето на првите 40 решенија за национални пензии во согласност со измените на Законот за култура.