Избор на членови на уставната комисија во Египет

Пратениците во египетскиот парламент денеска ќе бираат членови на уставната комисија а аналитичарите очекуваат остра дискусија меѓу исламистите, кои имаат парламентарно мнозинство и либералите. Новиот устав би требало да го замени стариот, кој беше суспендиран откако власта ја презема воениот совет, по протестите против режимот на претседателот Хосни Мубарак.