Саакашвили: Русија мора да ги почитува грузиските граници

Грузискиот претседател Михаел Саакашвили

Грузискиот претседател Михаел Саакашвили денеска изјави дека нема да ги прифати условите на руската понуда за обнова на дипломатските односи, прекинати поради војната пред четири години. За да дојде до тоа, според Саакашвили, најпрвин Русија ќе мора да ги признае Абхазија и Јужна Осетија како делови на Грузија. Русија понуди обнова на дипломатските врски откако Грузија предложи безвизен режим за граѓаните на Русија.