Претседателот Иванов, заштитник на ЕАНУ

Macedonia - George Ivanov president of Macedonia, Skopje, undated

Претседателот на Македонија Ѓорге Иванов денеска во Салцбург, Австрија, со свечена церемонија ќе биде инаугуриран во заштитник на Европската академија на науките и уметностите, ЕАНУ. Со оваа почесна титула Иванов ќе се приклучи кон групата заштитници на престижната академска институција во која уште како патрони се претседателите на Австрија, Русија, Словачка, Словенија, Грција и на Швајцарската Конфедерација, Хајнц Фишер, Владимир Путин, Иван Гашпарович, Данило Тирк, Каролос Папуљас, Дорис Лојтхарт, како и суеверените на Шпанија, Белгија и на Луксембург. Европската академија на науките и уметностите е формирана во 1990 година во Салцбург, со интенција да придонесе за позитивен развој на општествата и културите во Европа преку интердисциплинарни и наднационални дебати за суштинските проблеми на европско тло и низ пионерска интелектуална улога. Меѓу 1.200-те нејзини членови во кои има етеблирани светски имиња од област на науката, уметноста, филозофијата, се и 25 нобеловци, како и шест академици на МАНУ.