Бан ки Мун вознемирен од извештаите од Сирија

Хомс

Генералниот секретар на Обединетите нации Бан ки Мун изрази вознемиреност од вестите што доаѓаат од сиријскиот град Хомс, според кои, владините сили вршеле егзекуција и тортура врз цивилте. Бан ки Мун во говорот на Генералното собрание на Обединетите нации оцени дека сиријската влада не ги штити своите граѓани. На ова одговори сиријскиот амбасадор во Светската организација Башар Џафари, наведувајќи дека меѓународниот притисок врз неговата земја има политичка позадина и оти Бан ки Мун не бил доволно информиран за вистинската ситуација во Сирија.