Голем дел од САД зафатен од силно невреме

Силни бури, вклучувајќи и десетина торнада, предизвикаа големи штети во централниот дел на Соединетите држави, од Алабама до Индијана. Според извештаите, најмалку 28 луѓе загинале во Кентаки и Индијана. Градот Мерисвил во јужна Индијана, кој има околу 2 илјади жители, според некои наводи, бил израмнет со земјата. До ова доаѓа на само два дена откако 13 луѓе загинаа во силното невреме што го зафати американскиот Среден Запад.