Меѓународниот Црвен Крст не може да ја достави помошта во Хомс

Населбата Баба Амр во градот Хомс, Сирија

Меѓународниот Црвен Крст соопшти дека не добил дозвола да ја дистрибуира помошта за критичните делови на сиријскиот град Хомс. Во соопштението на претседателот на Меѓународниот Црвен Крст, Јакоб Келенбергер, се наведува дека одлуката на сиријските власти да не им дозволат на хуманитарците да влезат во населбата Баба Амр е неприфатлива. Вчера властите во Дамаск му одобрија на Црвениот Крст да влезе денеска во Сирија.
Сиријските безбедносни сили ја превзеле контролата вр населбата Баба Амр вчера, а според Обединетите Нации, таму биле вршени масовни егзекуции.