Борис Тадиќ ќе ја добие наградата „Север-југ“ на Советот на Европа

Српскиот претседател Борис Тадиќ на 27 март ќе ја добие наградата на Советот на Европа, „Север-југ“, која му се доделува поради „политички придонес во процесот на помирување на Балканот и интеграцијата на Србија во процесот на европската изградба“.
Ова ќе биде првпат оваа награда да му се додели на активен претседател на една држава. Наградата е воведена во 1990 година за придонеси во развојот на човековите права и интеркултуралниот дијалог и јакнење на солидарноста меѓу северот и југот.