Лидерите на ЕУ го потпишаа договорот за фискална дисциплина


Лидерите на Европската Унија, денеска на самитот во Брисел, го потпишаа новиот финансиски договор со кој се воведува засилена контрола врз националните буџети на земјите членки. Само Велика Британија и Чешка не се дел од овој договор, така-наречен Златно правило, според кој, можат веднаш да бидат превземени корективни мерки доколку некоја од 25-те земји потписнички ги пречекори буџетските лимити. Европскиот суд на правдата е надлежен за контрола на примената на правилата од договорот во државите потписнички.