Русија ги обвинува САД дека се обидуваат да влијаат на изборниот процес

Министерот за надворешни работи на Русија, Сергеј Лавров

Руските власти ги обвинија САД дека се обидуваат да извршат влијание врз изборниот процес, преку финансирањето на опозициските групи. Министерот за надворешни работи Сергеј Лавров го даде коментарот во интервју за он лајн изданието на владиниот неделник Росисикаја Газета, пред одржувањето на претседателските избори на 4 март.
Тој изјави дека САД ги практикуваат стереотипите од студената војна и деновите кога на Русија може да и се држат предавања или проповеди се завршени.