Груевски оствари средба со Пападимос во Брисел

Македонскиот премиер Никола Груевски

Македонскиот премиер Никола Груевски денеска на маргините на Самитот на европските народни партии и на Самитот на Европската Унија во Брисел, оствари средба со неговиот грчки колега Лукас Пападимос. Средбата беше со цел да се унапреди дијалогот и развојот на добрососедските односи.
Груевски и Пападимос разговарале за билатералните односи и аспектите на соработка меѓу двете земји.
Тие изразиле и посветеност за продолжување на разговорите за спорот со името со посредство на ОН за изнаоѓање на взаемно прифатливо решение.