Изгласана нацрт-резолуцијата за Србија во ЕП

Нацрт-резолуцијата во која се повикува ЕУ што побрзо да и одреди датум на Србија за почеток на преговори беше изгласана денеска од одборот за меѓународни односи на Европскиот парламент. Таа беше изгласана со мнозинство од 62 гласови за, 4 против и 5 воздржани.
Во неа се содржани позитивни оценки за напредокот на Србија во европските интеграции и се повикува Унијата кога ќе утврди дека земјата ги исполнила критериумите, да и одреди датум за почеток на преговори.
Во нацрт-резолуцијата има и критики за нетранспарентната сопственост над медиумите и концентрација на сопственоста во земјата.