Ештон-дијалогот меѓу Приштина и Белград корисен за евроинтеграцијата на регионот

Шефот на дипломатијата на ЕУ, Кетрин Ештон и косовскиот премиер Хашим Тачи при средбата во Брисел

Шефот за надворешна политика на ЕУ, Кетрин Ештoн по средбата со косовскиот премиер Хашим Тачи во Брисел изјави дека главна цел на дијалогот меѓу Белград и Приштина е двете земји и целиот регион на Западен Балкан да се приближат кон ЕУ. Според неа, голем чекор напред претставува спогодбата за регионалното претставување на Косово.
Ештон нагласи дека надминувањето на историските поделби и стравови со соработка е патот по кој треба да се движат сите земји од регионот.