Иванов во работна посета на Австрија

Макеоднскиот претседател Ѓорге Иванов

Македонскиот претседател Ѓорге Иванов утре и задутре ќе престојува во работна посета на Австрија, каде ќе има средба со австрискиот колега Хајнц Фишер. Неговиот кабинет соопшти дека Иванов ќе го информира Фишер за реформските процеси во Македонија, за пресудата од Хаг и очекувањата од претстојниот Самит на НАТО во Чикаго, како и за процесот за надминување на спорот за името.