Компанијата Епл вреди над 500 милијарди долари

Вредноста на компјутерската компанија Епл достигна 500 милијарди долари. Вчера вредноста на акциите на компанијата се зголемија за над 7 долари со што пазарната капитализација на фирмата беше 506 милијарди долари. Тоа е шестта американска корпорација која ја надмина оваа граница и единствена која толку вреди според тековните цени. Ексон сега вреди 411 милијарди долари.