САД: Дванесет луѓе загинале во торнада

Најмалку 12 луѓе загинале во неколкуте торнада што го зафатија американскиот Среден запад. Со невремето особено беа зафатени Небраска, Канзас, Мисури, Илиноис, Индијана и Кентаки. Се очекува ваквиот бран да продолжи и кон источните американски држави. Во минатата година во торнада загинале над 550 луѓе, што е најммногу во изминативе 100 години.