САД преку Дубаи со нов притисок врз Иран

Американската влада ја принуди Исламската банка со седиште во Дубаи да престане со исплата на милијарди долари од продажба на иранска нафта преку своите сметки. Со ова се пресекуваат уште некои врски во меѓународните банкарски систем за Иран, принудувајќи го Техеран да бара други канали, за да може да ракува со девизните приходи од продажбата на нафта. Западните земји воведоа санкции врз Иран поради неговата нуклеарна програма. Официјален Техеран вели дека нуклеарна програма е за мирољубиви цели. Строгите санкции принудија многу ирански компании да бараат разни начини даси наплатат за тоа што извезуваат. Откако девизните трансфери се отежнаа, Централната банка на Иран, прифаќа злато за да наплати за извозот на нафта.