Хуманитарците на ОН непожелни во Сирија

Оштетена куќа во Сирија по нападите на владините сили

Хуманитарниот шеф на ОН, Валери Амос изјави дека Сирија не ги прифатила нејзините барања за посета на земјата. Дипломатите на ОН, меѓу кои и Амос отпатуваа за Бејрут да чекаат за виза, но не добија одговор. Амос планираше да разговара со властите за хуманитарната ситуација во земјата.
Во меѓувреме според извештаите, сириската армија продолжува да ги напаѓа опозициските позиции во Хомс.