Осум жртви на серија напади во Ирак

Најмалку осум лица загинале при денешното насилство во Ирак. Властите соопштија дека автомобил бомба експлодирала во Багдад, при што загинале три лица, а девет биле повредени. Три безбедносни лица загинале при експлозија на автомобил бомба во Киркук. Двајца цивили биле убиени кога еден непознат маж ги застрелал додека се возеле во нивниот автомобил во Мосул.