Европската централна банка со нови кредити за банките од ЕУ

Европската централна банка ќе обезбеди 530 милијарди евра со мали камати за 800 банки во ЕУ. Тригодишните кредити се со цел да се намали кризата во еврозоната и да се подобри ликвидноста на банките.
Банката се надева дека малиот лимит, евтининото и долго финансирање ќе ја зголеми довербата во банките, ќе го намали ризикот од недостигот на кредити и ќе ги охрабри банките да им помогнат на Италија и Шпанија да се справат со нивниот долг.