Бомбашки напад во Пакистан, три жртви

Пакистанските власти соопштија дека две жени и едно дете загинале при експлозија на бомба во бунтовничкиот реон во близина на границата со Авганистан. Бомбата била активирана со далечински управувач. Локалните власти соопштија дека и 5 лица биле повредени при нападот.
Се уште никој не ја презема одговорноста за инцидентот.