Зголемени безбедносните мерки во Ош поради протестите и изборите

Изборен постер на улиците во Ош

Безбедносните мерки во киргистанскиот град Ош се зголемени поради утрешните протести и одржувањето на локалните избори во престојниот викенд. Во градот во јуни 2010 година имаше судири меѓу малцинството на Узбекистанците и Киргистанците при што 450 лица загинаа, а илјадници домови беа уништени. Локалното обвинителство вчера ги повика властите да преземат мерки со кои ќе се зачува безбедноста, меѓуетничките односи и политичката стабилност во земјата.