Белорусија ја обвини ЕУ за зголемување на тензиите

Шефот за надворешна политика на Унијата, Кетрин Ештон

Белорусија ја обвини ЕУ за зголемување на тензиите, откако земјите членки на Унијата ги отповикаа нивните амбасадори од земјата. ЕУ се реши на таков чекор, откако белоруските власти побараа од полскиот амбасадор и евроамбасадорот да ја напуштат земјата.
Белоруското министерство за надворешни работи ја оцени одлуката на шефот за надворешна политика на Унијата, Кетрин Ештон како пат кој води кон ќорсокак. Според соопштението, белоруските власти нема да дозволат да бидат заплашени од постапките на ЕУ.