Владата: повторно истрага за несреќата во која загина Трајковски

Владата на Република Македонија вчера донесе заклучок Извештајот за несреќата, во која животот го загубија претседателот на Република Македонија Борис Трајковски, придружната делегација и пилотите на авионот, со сите нови факти и докази да се достави до Јавното обвинителство на Република Македонија на понатамошна надлежност.
Во денешното владино соопштение се посочува дека заклучокот е донесен откако е разгледан и усвоен Извештајот за истрагата на несреќата на воздухопловот Кинг Аир Б 200 од 26 февруари 2004 година во Мостар, Босна и Херцеговина, со референтен број 28-12/012 подготвен од Комисијата за истражување на несреќата.
Воедно, Владата заклучи Извештајот да се достави и до Дирекцијата за цивилна воздушна пловидба на Босна и Херцеговина со барање за повторно отворање на истрагата од страна на земјата што ја водела истрагата.
Извештајот за истрагата на несреќата треба да се достави и до Комитетот за правни прашања и човекови права при Европскиот парламент, до Советот на Европа, како и до Андреас Грос, евро-пратеник од Швајцарија, кој е автор на Информацијата за спроведената истрага заради разјаснување на наводно сомнителната смрт на поранешниот претседател на Република Македонија Борис Трајковски