Тадиќ - Има власи кои не се чувствуваат како романци

Српскиот претседател Борис Тадиќ изјави дека процесот на приклучување кон Европската унија е комплексен и оти за време на тој процес секоја земја-членка може да поставува свои услови, но напомена дека Србија нема да ги прифати условите, кои за неа се невозможни и нема да се откаже од своите принципи.
Според Тадиќ проблемот со Власите се состои во тоа што Романија очекува сите Власи, кои живеат во Србија да се определат како претставници на романското национално малцинство, а има Власи кои не го сакаат тоа.
- „Ја разбираме Романија, но ние не можеме да се откажеме од своите принципи“, изјави Тадиќ, додавајки оти еден од нив е почитувањето на меѓународните конвенции за човекови права, согласно кои секој граѓанин на Србија може да се определува по своја сопствена волја.