Туркменистанскиот претседател во посета на Турција

Туркменистанскиот претседател Гурбангули Бердимухамедов.

Туркменистанскиот претседател Гурбангули Бердимухамедов пристигна во официјална посета на Турција. Денеска во Анкара тој треба да се сретне со неговиот турскиот колега Абдула Ѓул. Потоа двајцата претседатели треба да учествуваат и на туркменистанско-турскиот бизнис форум во Истанбул. Бердимухамедов, пред да замине во Турција, изјави дека е заинтересиран за турски инвестиции во градежниот сектор во Туркменистан.