Расмусен со пофалби за меѓународните сили во Авганистан

Генералниот секретар на НАТО, Андерс Фог Расмусен

Генералниот секретар на НАТО, Андерс Фог Расмусен упати пофалби до меѓународните коалициони сили во Авганистан за инзворедната воздржаност која ја покажале за време на протестите против палењето на Куранот. Тој изрази пофалби и за американскиот генерал Џон Ален за тоа како се справил со насилството.
Според Расмусен, не смее да се заборави на целта, која е стабилен Авганистан. Околу 40 лица загинаа за време на протестите во Авганистан.