Јапонските власти го скриле ризикот од нуклеарната катастрофа во земјата?

Јапонската влада скрила информации за опасноста од минатогодишната нуклеарна катастрофа во земјата, според новиот извештај на Фондацијата за обнова на Јапонија. Во извештајот составен од интевјуа со повеќе од 300 лица се прикажува слика како јапонските власти го намалиле ризикот од топењето во нуклеарната централа Фукушима по масивниот земјотрес и цунами на 11 март минатата година. Американските власти биле фрустрирани од недоволните информации од Јапонија и биле скептични дека тие се точни.
Но извештајот ја поздравува одлуката на премиерот Наото Кан нуклеарната централа да не престане со работа за да не дојде до поголема катастрофа.