Косовски пратеници ќе бараат обединување со Албанија

Косово, 27.02.2012

Група пратеници во Собранието на Косово подготвува барање за обединување на Косово со Албанија, пренесува косовската агенција Телеграфи. Барањето треба да го потпишат 30 пратеници по што ќе може за него да се дискутира на седница. Според иницијаторите, до овој потег доаѓа поради тоа што косовската влада, на дијалогот со Белград, се согласи претставувањето на Косово на регионалните собири да биде со фуснота, односно да не се употребува терминот Република.