Се урна зграда во Русија, 6-мина загинати

Астрахан, Русија, 28.02.2012

Најмалку 6 лица загинале, а 12 биле повредени при уривањето на една деветокатница во јужна Русија, предизвикано од експлозија на гас. Во несреќата во градот Астрахан, 5 лица сеуште се водат како изчезнати. Рускиот премиер Владимир Путин наредил формирање владина комисија која треба да ја утврди причината за експлозијата.