Ештон и Тадиќ очекуваат кандидатски статус за Србија

Борис Тадиќ и Кетрин Ештон по прес-конференцијата во Брисел

Шефот на дипломатијата на ЕУ, Кетрин Ештон и претседателот на Србија Борис Тадиќ изразија надеж дека министрите на Европската Унија денеска ќе и одобрат на Србија статус кандидат за членство во Унијата.
Местото на Србија и е во Европската унија и навистина се надевам дека министрите утре ќе направат чекор напред, изјави Ештон.
Тадиќ очекува позитивна одлука од министерскиот совет, оти како што кажа Србија го заслужува тоа. Тој додаде дека е среќен што е постигнат договор во дијалогот со Приштина бидејќи овозможува подобри услови за живот на обичните луѓе.