Иранска опозициска партија бара промена на статусот во САД

Иранската опозициска партија Народни муџахедини побара од американскиот суд да биде повлечена од листата на терористички организации наведувајќи дека поради таквиот статус животот на нивните членови е се повеќе загрозен. Во поднесокот до судот, се обвинува Стејт Департментот дека ја игнорирал судската одлука од 2010 година, според која американската влада требало повторно да го разгледа статусот на таа група. Истата се смета за одговорна за серијата напади и убиства во Ирак во текот на 80-те години од минатиот век кои биле наменети против режимот.