Времето облачно и ветровито

Времето во Македонија ќе биде променливо облачно, студено и ветровито со слаб локален снег во крајните источни делови. Ќе дува умерен, а во источните делови и Повардарието повремено засилен ветер од северен правец. Утринската температура се движи од минус девет до нула, а дневната од минус три до четири степени.