ЕУ планира нови санкции против Белорусија

Претседателот на Белорусија, Александар Лукашенко

ЕУ планира да спроведе нови санкции против Белорусија како одговор на репресијата на претседателот Алкесандар Лукашенко против неговите политички противници. Новите санкции веројатно ќе бидат усвоени на денешната средба на министрите за надворешни работи на Унијата во Брисел.
Новите санкции ќе бидат против 21 лице, меѓу кои и двајца полициски службеници.