Попоски на средба со советникот за надворешна политика на Саркози

Министерот за надворешни работи Никола Попоски

Министерот за надворешни работи Никола Попоски на денешната средба во Париз со советникот за надворешна политика во Кабинетот на францускиот претседател, Жан-Давид Левит ги презентирал очекувањата на Македонија за членство во НАТО, како и за почеток на пристапните преговори со Европската унија.
Според соопштението на МНР, Попоски изразил надеж дека ќе биде задржан кредибилитетот на процесот на проширување со земјите од Западен Балкан, а Македонија и натаму ќе придонесува во регионалната стабилност и безбедност и ќе продолжи да ги исполнува реформите.
Левит ги реафирмирал ставовите на Франција за активна поддршка на процесите на проширување со земјите од регионот, меѓу кои и Македднија.