СБ: сегашниот кинески економски модел, неодржлив

Кина треба да ја намали доминантната улога на државните компании во своето стопанство и да промовира слободен пазар за за да го задржи растот и да избегне евентуална криза. Ова се оценува во извештајот на Светската банка за кинеската економија до 2030 година. ,,Како што тоа го знаат и кинеските лидери, сегашниот кинески модел на развој е неодржлив,, изјави претседателот на Светската банка Роберт Зелик, додавајќи дека Кина дојде до пресвртница и оти треба да ја редефинира улогата на државата.