Топовска граната пронајдена кај ГТЦ во Скопје

Скопје

Една граната била пронајдена во жардиниера меѓу Градскиот трговски центар и Жена парк во Скопје. За гранатата, најверојатно од безтрзаен топ, било пријавено од обезбедувањето на ГТЦ денеска, појаснуваат од полицијата, а истата била подигната од Одделот за антитероризам при Министерството за внатрешни работи на вештачење. Според првичните информации, станува збор за постара граната.