Ваши коментари - Како да се заштеди струја?

Граѓаните и онака штедат струја од економски причини, а да се подобри електропотенцијалот на земјава, коментираат нашите читатели.
Струјата од ден во ден станува се' поголем проблем, но додека во светот одамна се размислува и се преземаат мерки за штедење и за изнаоѓање алтернативни извори за овој енергенс, ние само малку почувствувавме што значи да се штеди струја, со темните улици, а за дома - секој си знае.
Граѓаните секако штедат струја од економски причини, па што уште останува да се скрати, а да се подобри електропотенцијалот. Бојлер на две недели или спиење до 12 ли?
Коментар на читател.

Новак од ЕУ смета дека да се упатува апел до граѓаните да штедат струја во услови на нејзин недостиг и опасност од колапс на системот прилега малку на гаф - граѓаните секако штедат струја од економски причини, па што уште останува да се скрати, а да се подобри електропотенцијалот, прашува резигнирано Новак и додава: капење на две недели или спиење до 12 часот? Тој предлага скратување на работоното време на администрацијата, особено онаму каде што ништо не се работи, продолжен школски рапуст, помалку собраниски седници...

Горан од Смрдлива Вода со иронија пишува дека оваа Влада е најштедлива; тие, вели, дома не вклучуваат струја... си имаат агрегати и со нив си се снабдуваат.

Колку и како граѓаните штедат електрична енергија, а како, пак, штеди владата? Погледнете ја анкетата и коментирајте тука.

Вашиот пребарувач не подржува HTML5

Хајд парк - Штедење струја

Нашиот текст „Турските ТВ-серии - опиум за народот“ со различни коментари: Филип од Прилеп изгледа се плаши од исламската религија, бидејќи смета дека тие се особено опасни за младата популација, затоа што промовирале неисламски вредности несвојствени за нас,и за серијата Величествениот смета дека би било исто како да се прикажува серија за Хитлер, Мусолини или, како што пишува, за некои усташки, четнички или бугарски фашистички ликови.

Новак мисли дека тие имаат пропаганден карактер, а пак Оле од Скопје, искрено си кажува дека со турските серии се релаксира и бега од реалноста. Си го одморам, вели, мозокот од вестите за кражби, убиства, закони, за казни...

Информацијата за тоа како во Куманово се добиваат патни исправи и лични документи добила порака од Хогар, токму од Куманово: Фала ти Боже, еден похрабар новинар да напише за маките и состојбите во МВР ни кумановско. Сите знаат и се жалат и критикуваат за голготата, само министерката и одговорниот г-н началник не виделе и не знаат каква е состојбата по ходниците каде што се издаваат документите. Благодарност до новинарот за вистината, завршува Хогар.

По информацијата дека Транспарентност Македонија објави дека граѓаните годишно плаќаат по милијарда евра за мито, Феникс иронично бара да се објави тарифник за да сме знаеле колку мито да платиме кога одиме во некоја институција: Можете да замислите што уште се крие, а ќе излезе на виделина кога ќе паднат од власт, заклучува Феликс.