Стратфор го осуди објавувањето документи на Викиликс

Американската агенција за стратегиски истражувања со осуда до веб страницата Викиликс која почна да објавува повеќе милиони мејлови на оваа агенција. Во рекацијата се наведува дека станува збор за украдена електронска пошта и оти тоа е обид за замолчување и мешање во работите на компанијата. Од Викиликс појаснуваат дека станува збор за мејлови кои датираат од 2004 до 2011. Во соопштението од Викиликс се вели дека материјалите покажува како приватната разузнавачка агенција работи и како избира поединци со кои соработува.