Путин: САД се опседнати со идеја за апсолутна неповредливост

Владимир Путин

САД се опседнати со идејата за апсолутна неповредливост, пишува Владимир Путин во својата колумна која денеска ја објавува весникот Московские новости. За Путин таа идеја е неизводлива и технолошки и геополитички. Путин кој е кандидат на претседателските избори кои треба да се одржат на 4 март, вели дека идејата на САД е суштината на проблемот поради кој не можат да се договорат за стратешкото оружје. Во врска со „арапската пролет“, Путин вели дека симпатиите на Русија биле насочени кон оние кои бараа демократски реформи, меѓутоа ситуацијата потоа зела еден нов „нецивилизиран“ однос.