Клинтон-протестите во Авганистан мора да престанат

Американскиот државен секретар Хилари Клинтон

Американскиот државен секретар Хилари Клинтон изјави денеска дека смртоносните протести во Авганистан ,поради палењето на Куранот мора да престанат. Според неа, САД длабоко жалат за инцидентот.
Претходно авганистанскиот претседател Хамид Карзаи го повтори неговиот повик за смиреност за да не се дозволи на непријателите да ја злоупотребат ситуацијата во земјата.