Египетскиот суд го одложи судењето на странските активисти

Седиштето на една невладина организација во Египет

Египскиот суд го одложи судењето на продемократските активисти обвинети дека нивните невладини организации нелегално ги финансирале од странство. Шеснаесет американски државјани, се меѓу четириесет и тројцата обвинети, а ќе им се суди и на активисти од Египет, Гемранија, Палестина, како и Норвешка и Србија.
Случајот ги затегна односите меѓу Египет и САД, при што американските власти се заканија дека ќе ја укинат нивната помош во земјата.